1465
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1465 (MCDLXV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1465 година од новата ера, 465. од вториот милениум, 65. од XV век и шеста од 1460-тите.
Грегоријански календар | 1465 MCDLXV |
Ab urbe condita | 2218 |
Ерменски календар | 914 ԹՎ ՋԺԴ |
Асирски календар | 6215 |
Балиски календар | 1386–1387 |
Бенгалски календар | 872 |
Берберски календар | 2415 |
Будистички календар | 2009 |
Бурмански календар | 827 |
Византиски календар | 6973–6974 |
Кинески календар | 甲申年 (дрв. мајмун) 4161 или 4101 — до — 乙酉年 (дрв. петел) 4162 или 4102 |
Коптски календар | 1181–1182 |
Етиопски календар | 1457–1458 |
Еврејски календар | 5225–5226 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1521–1522 |
- Сачка ера | 1386–1387 |
- Кали-југа | 4565–4566 |
Холоценски календар | 11465 |
Игбоански календар | 465–466 |
Ирански календар | 843–844 |
Исламски календар | 869–870 |
Јапонски календар | Каншо 6 (寛正6年) |
Јавански календар | 1381–1382 |
Јулијански календар | 1465 MCDLXV |
Корејски календар | 3798 |
Мингуо-календар | 447 пред Р. Кина 民前447年 |
Нанакшахи | −3 |
Тајландски сончев календар | 2007–2008 |
Тибетски календар | 阳木猴年 (машко дрво-мајмун) 1591 или 1210 или 438 — до — 阴木鸡年 (женско дрво-петел) 1592 или 1211 или 439 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6973 и 6974 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6215 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5225 и 5226 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2218.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1465 година се протега во 4101 и 4102, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4161 и 4162 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2008. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 869 и 870 исламска година.
Настани
уредиЈануари - декември
уреди- 24 јануари - Втората опсада на Хилија од Стефан III Молдавски - градот е освоен.
- 29 јануари - Амадеј IX Савојски станува војвода од Савоја.
- 30 јануари - Карл VIII Шведски е сменет од престолот. Свештеникот Кетил Карлсон Васа станува регент на Шведска.
- 13 јули - Битка кај Монлери: Војниците на кралот Луј XI војуваат против војска предводена од големи благородници.
- 24 јули - Поранешниот крал Хенри VI е заробен од страна на силите на династија Јорк, и затворен во Лондонската кула. Неговата кралица Маргарита Анжујска и син Едвард, побегнуваат во Франција.
- 11 август - Во Шведска починува регентот Кетил Карлсон Васа и го наследува архиепископот Јакоб Бенгтсон, како регент.
- 14 октомври - Влашкиот војвода Раду III Убавиот, помлад брат на Влад Цепеш, издава допис од неговата резиденција во Букурешт, најраниот познат документ за споменување на градот со ова име.
Непозната дата
уреди- Востание во мароканскиот град Фес доведува до соборување на владетелите на Мараниди и убиство на многу Евреи.
- Масовните поплави во централната и јужната Кина ја мотивираат изградбата на стотици нови мостови.
- Главниот олтар на црквата Свети Мартин во Колмар е завршен од страна на Каспар Исенман.
- Марко II Цариградски станува Вселенски патријарх.
Родени
уреди- 4 февруари - Франс ван Бредероде, холандски бунтовник (п. 1490)
- 6 февруари - Сципион дел Феро, италијански математичар (п. 1526)
- 16 март - Кунигунда Австриска, надвојводка на Австрија (п. 1520)
- 10 јуни - Меркурино Гатинара, италијански државник и правник (п. 1530)
- 24 јуни - Изабела дел Балцо, кралица на Неапол (п. 1533)
- 17 август - Филиберт I Савјски) (п. 1482)
- 11 септември - Бернардо Ацолти, италијански поет (п. 1536)
- 14 октомври - Конрад Петингер, германски хуманист и антиквар (п. 1547)
- непозната дата
- Шехзаде Ахмет, најстариот син на султан Бајазид II (п. 1513)
- Хектор Боис, шкотски историчар (п. 1536)
- Вилијам Корниш, англиски композитор (п. 1523)
- Јохан Тецел, германски доминикански свештеник (п. 1519)
- Диего Валаскес де Кулар, шпански конквистадор (п. 1524)
- веројатно
- Жил Висенте, португалски поет и драматург
- Франциско Алвареш, португалски мисионер и истражувач (п. 1541)
- Мете Дир, дански благородник
Починале
уреди- 5 јануари - Шарл Орлеански, француски поет (р. 1394)
- 14 јануари - Томас Бекингтон, англиски државник
- 29 јануари - Луј, Војводата од Савој (р. 1413)
- 30 март - Изабела Клермонтска, кралица на Неапол (р.1424)
- 30 април - Јакоб Јутербок, германски теолог (р.1381)
- 12 мај - Тома Палеолог, наследник на византискиот престол (р. 1409)
- 11 август - Кетил Карлсон Васа, регент на Шведска (р. 1433)
- 25 септември - Изабела Бурбонска (р. 1436)
- 20 ноември - Доменико Малатеста Новело, италијански кондотиер (р. 1418)
- непозната дата
- Абд ел-Хак II, последен маринидски султан од Мароко (р. 1419)
- Џон Хардинг, англиски хроничар (р. 1378)