[go: up one dir, main page]

Усуслу (грчки: Πλαγιά, Плаѓа, до 1927 Ουσουσλού, Усуслу)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Усуслу
Πλαγιά
Усуслу is located in Грција
Усуслу
Усуслу
Местоположба во областа
Усуслу во рамките на Кукуш (општина)
Усуслу
Местоположба на Усуслу во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 22°50′E / 41.100° СГШ; 22.833° ИГД / 41.100; 22.833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000249000000249 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно814
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 15 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 70 семејства со 220 жители Турци[3]

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски. Голем дел од населението заминало од селото[4].

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Плаѓа.[5]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 492 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 712 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 795 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 818 жители, во 1971 година имало 604 жители, во 1981 година имало 576 жители, додека во 1991 година имало 603 жител[7]. Денеска, населението на селото е 814 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 712 795 818 604 576 603 814
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Πλαγιά
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 120.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-10.