[go: up one dir, main page]

Рози

семејство растенија
Рози
Период: kreda - денес
Цвет на Crataegus oxycantha
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Juss.
Потсемејства

Rosoideae
Spiraeoideae
Maloideae
Amygdaloideae или Prunoideae

Светската распространетост на Rosaceae

Рози (науч. Rosaceae) (ружа или трендафил) — голема фамилија на растенија, со околу 3.000-4.000 видови во 100-160 родови. Традиционално таа е поделена на четири потсемејства: Rosoideae, Spiraeoideae, Maloideae и Amygdaloideae. Тие се класифицирани врз основа на градбата на плодовите, иако овој пристап не е признат целосно во светски рамки. Скорешните истражувања укажуваат на тоа дека сите традиционални четири потсемејства не се монофилетски, но структурата на оваа фамилија сѐ уште чека конечно разрешување.

Родови

уреди

Ги распознаваме следниве кладови:

  • потсемејство Rosoideae: Традиционално составена од оние родови со мали плодови, од кои секој е ахениум или костелка, а често месестиот дел од плодот (како кај јагодата, на пример) е хипанциумот или дршката која ги носи плодните листови. Денес ова потсемејство е стеснето (во него не се вклучува, на пример, племето Dryadeae), но сѐ уште останува добро распространета група со 5 или 6 племиња (трибуси) и 20 или повеќе родови. Розата, малината, капината, јагодата, Potentilla-та, Geum-от се едни од најпознатите членови.
  • потсемејство Spiraeoideae: Традиционално, ги вклучува оние родови кои имаат безмесести плодови кои се состојат од пет капсули (кутијки или чаури). Во некои системи, оваа група е ограничена само на родовите Spiraeae и Sorbaria и нивните блиски сродници.
  • потсемејство Maloidae (или Pomoideae): Традиционално, оваа група ги вклучува оние родови (јаболко, глог, круша, дуња, мушмула итн.) чии плодови се состојат од пет капсули во месест ендокарп, опколени од засеченото стеблено ткиво. Овој плод се нарекува јаболко (пом). Кон овие, се придодаваат и дрвенестите видови Lindleya и Vauquelinia, кои споделуваат хаплоиден хромозомски број од 17 (х=17) со родовите кои имаат јаболков (помов) плод, потоа Kageneckia, кај која х=15, и тревестиот род Gillenia (x=9).
  • потсемејство Prunoideae (или Amygdaloideae): Традиционално се вклучени оние родови чии плодови се изградени од единечни костелки со еден шев, два нерва до шевот и еден нерв спротивно од шевот. Сега ова потсемејство е проширена со четирите родови Maddenia, Oemleria, Prinsepia и Prunus (слива, праска, бадем, вишна, кајсија).
  • Племе Dryadeae: Плодовите се ахениуми со влакнести стилети. Вклучува пет родови (Dryas, Cercocarpus, Chamaebatia, Cowania и Purshia), од кои повеќето видови образуваат коренови нодули во кои живеат азотофиксирачките бактерии од родот Frankia.
  • Племе Neillieae: Neillia (вклучувајќи го Stephanandra) и Physocarpus.

Помеѓу овие групи, Neillieae по сѐ изгледа дека е сестринска група на Maloideae, а Dryadeae може да e во монофилетско сродство со Rosoideae. Другите родови, како на пример Kerria, изгледа дека не припаѓаат на никоја од горенаведените групи.

Плодови

уреди

Плодовите на розоцветните се најразлични. Најчеста е костелката, но има и многу други. Јаболките, крушите и многу други членови на Maloideae имаат типични јаболкови плодови, но некои имаат капсули (како Lindleya). Плодот на јагодата се нарекува ахениум, кој се држи во црвениот месест дел. Јаболките и јагодите се лажни плодови, додека костелките се вистински плодови. Повеќето плодови од оваа фамилија се јадливи и се многу важни во ароматизирањето, како јагодите, црешите и јаболката. Бадемите се одгледуваат поради нивните јатки, кои се користат како пушени или посолени јадрести овошја. Јаболкото и јагодата се хибриди од различни видови во истиот род.

Економско значење

уреди
 
Хибридна градинарска роза (ружа, трендафил).

Розите се веројатно трети по економско значење (по тревите и бобовите растенија).

Розите како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Крадци на рози“ (Ružokradice) - песна на српскиот поет Васко Попа од 1954 година.[1]
  • „Роза над Чегар“ (Ружа над Чегром) - песна на српскиот поет Васко Попа.[2]

Наводи

уреди
  1. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 48.
  2. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 118.

Надворешни врски

уреди