4 век
< 3 век | 4 век | 5 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
4 век започнал на 1 јануари 301 год., а завршил на 31 декември 400 год.
Во рамките на Римското Царство, почетокот на 4 век бил одбележан од Константин Велики, првиот римски цар кој се преобратил во христијанство. Константин Велики е исто така познат по тоа што во 330 година го назначил античкиот град Византион за нов и единствен главен град на империјата, нарекувајќи го Нов Рим (подоцна во негова чест бил преименуван во Константинопол).[1] Последниот римски цар кој владеел и со источната и со западната половина на империјата бил Теодосиј I. Системот на два императори, кој првично бил поставен од Диоклецијан во претходниот век, станал редовна практика, а истокот продолжил да расте во важност како нов центар на трговија и империјална моќ. Угледот на Рим како поранешен империјален град драстично се намалил во текот на овој век. Доцна во векот, христијанството станало официјална државна религија, а старата паганска култура на империјата полека почнала да исчезнува. Во текот на овој век во империјата генерално владеел просперитет, иако честите напади на германските племиња од север претставувале сериозен проблем од 376 година па натаму. Овие рани германски инвазии го означиле почетокот на крајот на Западното Римско Царство.[1][2]
Во Кореја започнал периодот на Трите кралства (Пекче, Когурја и Сила), кој траел приближно 300/400 – 668 година.
Настани
уреди- Народот Ноба се населил во Африка.
- Ран 4 век - била изградена салата за публика, денес позната како Базилика, во Трир, Германија.
- 301: Ерменија прва го прифатила христијанството како државна религија.
- 306 - 337: Константин Велики ставил крај на прогонот на христијаните во Римското Царство, а Нов Рим (Константинопол) станал ново седиште на владата.
- 325 - 328: Кралството Аксум го прифатило христијанството.
- 325: Константин Велики го свикал Првиот вселенски собор во Никеја, за време на Аријанскиот спор.
- 335 - 380: Самудрагута ја проширил империјата Гупта.
- 337: Константин Велики се покрстил на смртна постела.
- 350: Кралството Аксум го освоило Кралството Куш.
- 350-400: Хунтите започнале да ја напаѓаат Сасанидското Царство.
- 350: Најраните познати камени натписи во Индонезија.
- 365: Источното Средоземје било погодено од силен земјотрес од најмалку осум удари. Цунамито предизвикано од земјотресот нанело големи штети на териториите на Крит, Грција, Либија, Египет, Кипар и Сицилија.
- Средина на 4 век – Биле изработени римските сребрени садови од Милденхол, Англија, кои сега се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон.
- Средина на 4 век – Ванг Ксиџи направил дел од писмо од албумот Фенг Џу, во периодот на шестте династии. Сега се чува во Музејот на Националната палата, Тајпеј, Тајван.
- 376: Визиготите, бегајќи од Хуните, се населиле покрај Дунав и им бил дозволен влез во Римското Царство.
- 378: Битката кај Одрин: римската војска била поразена од визиготската коњаница, а царот Валенс бил убиен.
- 378 - 395: Римскиот цар Теодосиј I го забранил паганството, а христијанството станало официјална религија на Римското Царство.
- 378: Во Средна Америка, Сијај К'ак го освоил Вака на 8 јануари.
- 378: Во Средна Америка, Сијај К'ак го освоил Тикал на 16 јануари.
- 378: Во Средна Америка, Сијај К'ак го освоил Уашактун.
- 381: Бил одржан Вториот вселенски собор во Цариград.
- 383: Битката на реката Феи во Кина.
- 395: Смртта на римскиот цар Теодосиј I резултирала со трајно расцепување на Римското Царство.
- Доцен 4 век – Била направена собата на Леонис, во катакомбите на Комодила, во близина на Рим.
- Доцен 4 век – Бил додаден атриум на старата базилика Свети Петар во Рим.
Личности
уреди- Аларик I, крал на Визиготите
- Албија Доминика, римска царевица и регент
- Арбогаст, римски генерал и бунтовник
- Аркадиј, римски цар
- Атлатл Кауак, владетел на Теотиуакан
- Басијан, римски сенатор
- Валериј Валенс, римски цар
- Валериј Ромул, римски конзул
- Валенс, римски цар
- Валентинијан I, римски цар
- Валентинијан II, римски цар
- Валентинијан Галат, римски конзул, син и наследник на римски цар
- Валентин, римски бунтовник
- Варонијан, римски конзул, син и наследник на цар
- Ветранион, римски цар
- Гаинас, римски магистер милитум, кој кратко време презел контрола над Константинопол
- Галериј, римски цар
- Гилдо, римски генерал и бунтовник
- Годигисел, крал на Вандалите
- Грацијан, римски цар
- Далмациј, римски цезар
- Децентиј, римски узурпатор
- Диоклецијан, римски цар
- Домитиј Александар, римски узурпатор
- Евгениј, римски узурпатор (303-304)
- Евгениј, римски узурпатор (392-394)
- Евтропиј, римски политичар, главен советник на царот
- Езана, владетел на кралството Аксум
- Елија Евдоксија, римска царевица
- Јакс Нуун Аин I, првиот Теотиуакан владетел на Тикал
- Јован Златоуст, патријарх царевиградски
- Јовијан, римски цар
- Јулијан Отпадникот, римски цар
- Јустина, римска царевица и регент
- Калоцер, римски узурпатор
- Клавдиј Силван, римски генерал и узурпатор
- Констанс I, римски цар
- Константина, римска августа
- Константин Велики, римски цар
- Константин II, римски цар
- Констанциј I Хлор, римски цар
- Констанциј II, римски цар
- Констанциј Гал, римски цезар
- Крисп, римски цезар
- Лициниј, римски цар
- Лициниј II, римски цезар
- Магенциј, римски узурпатор
- Магнус Максим, римски цар
- Марцел, римски узурпатор
- Мартинијан, римски цар
- Максенциј, римски цар
- Максимијан, римски цар
- Максимијан II, римски цар
- Непотијан, римски узурпатор
- Прокопиј, римски узурпатор
- Руфин, римски политичар, преторијански префект на истокот
- Салутиј, римски политичар, преторијански префект на истокот, кандидат за царскиот престол
- Самудрагупта, император на Гупта
- Стилихон, римски магистер милитум
- Теодор, римски узурпатор
- Теодосиј I, римски цар
- Факсиан, кинески будистички монах
- Фирм, римски узурпатор
- Флавиј Валериј Север, римски цар
- Флавиј Виктор, римски цар
- Флавиј Северијан, римски политичар, син и наследник на император
- Фу Џиан, кинески цар основач на поранешниот Чин
- Фу Џиан, цар на поранешниот Чин
- Ханибалијан, римски политичар
- Хонориј, римски цар
- Чак Ток Ичаак I, владетел на Тикал
- Чандрагупта I, Гупта император
- Чандрагупта II, Гупта император
- Шапур II Велики, крал (шах) на Сасанидското Царство
- Ши Ан, кинески државник
Ликовна уметност
уреди- Ванг Шиенчи, кинески калиграф
- Ванг Шичи, кинески калиграф
- Веј Шуо, единствената жена калиграф во кинеската историја
Литература
уреди- Аурелиј Пруденциј Клеменс (Пруденциј), римски поет
- Гај Ветиј Аквилин Јовенк (Јовенк), римски писател и композитор
- Ге Хонг, кинески писател
- Децимиус Магнус Авсониј (Авсониј), римски поет
- Јероним Стридонски, христијански свештеник, монах и преведувач
- Квинт Смирнски, грчки поет
- Клавдиј Клаудијан (Клаудијан), римски поет
- Публилиј Оптатијан Порфириј (Порфириј), римски поет
- Салустиј, римски писател и филозоф
- Фалтонија Бетиција Проба, римска христијанска поетеса
Теологија
уреди- Августин, христијански теолог, епископ на Хипон
- Амвросиј Медиолански, христијански теолог, црковен отец, епископ милански
- Василиј Велики, христијански теолог, епископ на Кесарија во Кападокија
- Вулфила, аријански свештеник и преведувач на Библијата на готски јазик
- Григориј Назијанзанин, христијански теолог, епископ на Назијанз
- Дао’ан, кинески будистички монах, преведувач
- Ефрем Сириски, сириски ѓакон и теолог
- Кумараџива, индиски будистички монах, преведувач
- Лактанциј, христијански теолог, советник на Константин I
- Месроб Машдоц, ерменски монах, теолог и изумител на ерменската азбука
- Теодор, христијански теолог, епископ на Мопсуестија
Наука и филозофија
уреди- Амијан Марцелин, римски историчар
- Амониј Хермие, грчки филозоф
- Аврелиј Виктор, римски историчар
- Гуо Сјанг, кинески научник
- Евсевиј Кесариски, грчки историчар
- Евтропиј, римски историчар
- Јамблих, неоплатонистички филозоф
- Прокло, грчки филозоф
- Сун Шенг, кинески историчар
- Темистиј, грчки реторичар и филозоф
- Хипатија Александриска, грчки филозоф, математичар и астроном
Откритија
уреди- Узенгијата била измислена во Кина пред 322-ра година.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 259–276.
- ↑ ed. S. McGill, C. Sogno and E. Watts (2008). The Long Fourth Century 284-450: Continuity and Change in the Later Roman Empire. Cambridge.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „China, Buddhism and the Silk Road - Silk-Road.com“. Silk Road (англиски). Посетено на 2018-09-25.
- ↑ „The invention and influences of stirrup“. 2008-12-03. Архивирано од изворникот на 2008-12-03. Посетено на 2018-09-25.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)