[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Слива (род)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Слива)
Слива
Расцветана вишна (Prunus cerasus)
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Потсемејство: Сливи
Род: Слива
L.
Видови

во текстот

Синоними
  • Amygdalopersica Daniel
  • Amygdalophora M.Roem.
  • Amygdalopsis M.Roem.
  • Amygdalus L.[1]
  • Armeniaca Scop.[1]
  • Cerapadus Buia
  • Ceraseidos Siebold & Zucc.
  • Cerasus Mill.[1]
  • Emplectocladus Torr.
  • Lauro-cerasus Duhamel
  • Laurocerasus M.Roem.[1]
  • Maddenia Hook.f. & Thomson[1]
  • Padellus Vassilcz.
  • Padus Mill.[1]
  • Persica Mill.
  • Pygeum Gaertn.[1]

Слива (науч. Prunus) — род дрва и грмушки од потсемејството на сливите (Amygdaloideae)[1] кој ги опфаќа сливите, црешите, вишните, праските, сливопраските (нектарини), кајсиите и бадемите. Постојат околу 430 видови распространети ширум северните умерени подрачја во светот. Многу се одгледуваат како овошје или за украс. Плодовите се нарекуваат и коскено овошје заради тврдата семмка во нив.

Ботаника

[уреди | уреди извор]

Растенијата од родот можат да бидат листопадни или зимзелени. Листовите се прости, наизменични, обично со копјест облик. Цветовите се бели до розови, а поретко црвени, со пет венчиња и пет чашкини ливчиња и имаат многу прашници. Можат да бидат самостојни или во штитови од по две до шест, или понекогаш повеќе грозени китки. Плодовите се месести со по една голема јатка (наречена „коска“ или „семка“).[2]

Класификација

[уреди | уреди извор]

Денешната класификација на членовите на родот сливи е на Алфред Редер, разработена во 1940 г. со пет подрода[3] и подоцна дополнета од К. Инграм со Lithocerasus.[4] Тие се следниве:

  • Подродови на родот слива:
    • Amygdalusбадеми и праски: пазузвните пупки со во тројки (со една листотворна пупка во средина и по двете цветни пупки од страните); цвета рано напролет, нема (или речиси нема) цветна дршка и цветовите не се на лиснати фиданки; плодот има зарез долж едната страна; семката е длабоко зарежана; типски вид: бадем (Prunus dulcis).
    • Prunusсливи и кајсии: пазузвните пупки се единечни; цветовите рано напролет се на дршка наместо на лиснати фиданки; плодот има зарез долж едната страна, семката е група; типски вид: магарешка слива (Prunus domestica)
    • Cerasusцреши и вишни: пазузвните пупки се единечни; цветовите рано напролет се во метлички, долга дршка, не е на лиснати фиданки; плодот е незарежан, семката е мазна; типски вид: вишна (Prunus cerasus)
    • Lithocerasusпесочни цреши: пазузвните пупки се во тројки; цветовите рано напролет се во метлички, со долги дршки наместо на лиснати фиданки; плодот е незарежан, семката е мазна; типски вид: песочна цреша (Prunus pumila)
    • Padusсремзи: пазузвните пупки се единечни; двета доцна напролет во гроздови китки на лиснати фиданки, дршките се кратки; плодот е незажебен, семката е мазна; типски вид: европска сремза (Prunus padus)
    • Laurocerasusзеленичиња: претежно зимзелени (сите други подродови се листопадни); пазузвните пупки single; цвета рано напролет во гроздови китки наместо на лиснати фиданки, дршките се кратки; плодот е незарежан, семката е мазна; типски вид: зелениче (Prunus laurocerasus)

Одгледување

[уреди | уреди извор]
Јапонска цреша (Prunus serrulata) во цут

Во родот спаѓаат повеќе застапени плодови како бадемот, кајсијата, црешата, вишната, праската, сливата и други, и секој од ниов има разни сорти кои се одгледуваат како пазарно овошје. Во случај на бадемот, се јаде само семката, која е јатка.

Производство на коскено овошје во илјади тони за 2012 г.
Извор: ФАО[5]
Иран Иран 205
Народна Република Кина НР Кина 138
Авганистан Авганистан 46
 Узбекистан 34
 Турција 17
 Унгарија 14
 Алжир 13
 Грузија 13

Ова е нецелосен список на позастапените видови од родот слива.

Источна полутопка

[уреди | уреди извор]

Западна полутопка

[уреди | уреди извор]

Сливата како мотив во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Potter, D.; Eriksson, T.; Evans, R.C.; Oh, S.; Smedmark, J.E.E.; Morgan, D.R.; Kerr, M.; Robertson, K.R.; Arsenault, M.; Dickinson, T.A.; Campbell, C.S. (2007). „Phylogeny and classification of Rosaceae“. Plant Systematics and Evolution. 266 (1–2): 5–43. doi:10.1007/s00606-007-0539-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) [потсемејството тука се нарекува „Spiraeoideae“]
  2. European Garden Flora; vol. 4
  3. Lee, Sangtae; Wen, Jun (2001). „A phylogenetic analysis of Prunus and the Amygdaloideae (Rosaceae) using ITS sequences of nuclear ribosomal DNA“. American Journal of Botany. 88 (1): 150–160. doi:10.2307/2657135. JSTOR 2657135. PMID 11159135.
  4. Okie, William (July 2003). „Stone Fruits“. Encyclopedia of Fruits and Nuts.
  5. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2015-03-19.
  6. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 45-46.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]