Пиш
Пиш Pisz | ||
---|---|---|
Градското собрание | ||
Местоположба во Полска | ||
Координати: 53°37′N 21°48′E / 53.617° СГШ; 21.800° ИГД | ||
Земја | Полска | |
Војводство | Варминско-мазурско | |
Округ | Пишки | |
Општина | Пиш | |
Основан | 14. век | |
Град од | 1451-1455, 1645 | |
Управа | ||
• Градоначалник | Јан Алицки | |
Површина | ||
• Вкупна | 10,04 км2 (388 ми2) | |
Население (30.12.2012) | ||
• Вкупно | 19.547 | |
• Густина | 1.926/км2 (4,990/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски код | 12-200 | |
Повик. бр. | +48 87 | |
Регист. таблички | NPI | |
Мреж. место | http://www.pisz.pl/ |
Пиш (полски: Pisz), порано Јањсборк (полски: Jańsbork, германски: Johannisburg) — град во Варминско-мазурското Војводство во Полска, со население од 19,547 на крајот на 2012 година. Градот е седиште на Пишкиот округ. Пиш се наоѓа на местото каде што се соединуваат езерото Рос и реката Писа.
Етимологија
[уреди | уреди извор]TИмето Пиш потекнува од зборот pisa, што значи „бара“ во стариот пруски јазик. Пиш го добил името од замок во 1645 година, кога станал град по декрет на Владислав IV Васа. Мештаните од Мазурија замокот го нарекувале "Jańsbork" или 'Pysz', и ова име останало до 1946 година.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Местото на денешниот Пиш првично било населено од домородни Пруси. Во 1345 година Тевтонскиот ред започнал изградба на замок близу најјужната точка од Пишката шума (Јоханисбургер Хајде) во округот Мазурско Поезерје. Замокот бил именуван Јоханисбург, по Свети Јован Крстител. Населбата во близина држела пазар најрано од 1367 година, но градот не добил градски привилегии сè до 1645 година. Прв градоначалник на градот бил Фредерик Адам Черноевски. Официјално германско име на градот било Јоханисбург, додека жителите од полско говорно подрачје градот го нарекувале Јансборк. Раниот развој на градот се должел на вештините на луѓето во пчеларството, како и тоа што градот бил сместен на трговските патишта кои воделе кон Гдањск и кон реките Висла и Варев. Градот станал дел од Војводството Прусија во 1525 година и од Бранденбург-Прусија во 1618 година.
Во периодот 1709/10 само 14 жители преживеале чума.[2] Градот започнал да се развива забрзано во 19. век како дел од Кралството Прусија. Во 1818 година тој станал седиште на округот Јоханисбург во покраината Источна Прусија. Во 1876 година во градот живееле околу 3,000 жители. Железничка пруга која ги поврзувала Аленштајн (Олштин) и Лик (Елк) поминувала преку градот. Системот за снабдување со вода како и тој за гас биле изградени во 1907 година, а општинската кланица во 1913 година. Индустрискиот развој на градот се темелел на преработката на дрво и на металургија. Според пописот од Царска Германија од 1900 година, населението на Јоханисбург се состоело од 70,2 % Мазури.
Како резултат на версајскиот договор, бил организиран референдум од страна на друштвото на народите, кој резултирал со 99,96 % од гласовите за останување во Источна Прусија и 0,04 % за Полска (вкупно 14).
Во текот на втората светска војна, Јоханисбург бил 70 % уништен од борби и окупација од советската Црвена армија. На крајот на војната, градот бил префрлен од германска на полска контрола во согласност со постдамскиот договор и официјално преимнуван Пиш во 1946 година. Германското население во градот било протерано и заменето со Полјаци.
Личности од Пиш
[уреди | уреди извор]- Георг Кристоф Писански (роден 1725 г.), историчар од Прусија
- Лудвиг Јорк фон Вартенбург (1759–1830) градски командир
- Густав Гизевиуш (1810–1848), активист
- Ернст Римек (1890–1963), сликар
- Гинтер Струп (1912–1996), уметник
- Мариајне Холд (1929–1994), глумица
- Марќин Качмарек (роден во 1977 г.), олимписки пливач
Партнерски градови
[уреди | уреди извор]- Шлезвиг-Фленсбург, Германија
- Муствее, Естонија
- Алитус, Литванија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ About town. Official webpage of Pisz
- ↑ Kossert, Andreas (2006). Masuren. Ostpreußens vergessener Süden (германски). Pantheon. ISBN 3-570-55006-0.
Kossert, Andreas (2004). Mazury, Zapomniane południe Prus Wschodnich (полски). ISBN 83-7383-067-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Пиш“ на Ризницата ? |
|