Нијагарски Водопади
Нијагарски Водопади (англиски: Niagara Falls) — низа водопади кои се наоѓаат на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка, на границата помеѓу САД и Канада. Водопадите (француски јазик: „les Chutes du Niagara“) се состојат од три различни водопади: Потковичести Водопади (познати исто како и Канадски Водопади), Американски Водопади и помалите Водопади на невестинскиот превез. Нијагарските Водопади не се многу високи, но, се мошне широки. Низ нив просечно течат околу 110.000 м3 вода секоја минута па сè до максимум од 165.000 м3 во минута.[1] Тоа ги прави најмоќните водопади во Северна Америка и најверојатно најпознатите во светот.[2]
Географски гледано, Нијагарските Водопади се наоѓаат на дваесет-минутно возење од американскиот град Бафало во државата Њујорк и на час и половина возење од канадскиот град Торонто. Некои извори погрешно тврдат дека низ водопадите течат просечно 330.000 кубни метри на минута или дури и повеќе. Таа бројка е точна кога станува за просечниот тек на самата река, но, голем дел од тоа се пренасочува за хидроелектрични потреби пред да стигне до водопадите. Нијагарските Водопади се прославени заради нивната убавина, но, исто претставуваат важен извор на хидроелектрична струја. Водопадите претставуваат популарна туристчка атракција скоро еден век и ова природно чудо го делат збратимените градови Нијагарски Водопади (Онтарио) и Нијагарски Водопади (Њујорк).
Нијагарските водопади како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Вода во бокалот, Нијагара и автоиронија“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1993 година.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тривијални податоци - Нијагарски Паркови, Нијагарски Водопади, Онтарио, Канада“ (англиски).
- ↑ „Најдобрите водопади на светот“ (англиски).
- ↑ Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 107-113.
|