[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лебеди
Период: Доцен миоцен-холоцен[1][2]
Неми лебеди (Cygnus olor)
Научна класификација
Типски вид
Cygnus cygnus
Лине, 1758
Видови

6–7 постоечки, Погледајте текст.

Синоними

Cygnanser Крецој, 1957

Лебед претставуваат птици од фамилијата на Anatidae, во која спаѓаат и гуските и патките.

Пердувите на лебедите се целосно бели, или се мешавина од црно и бело, понекогаш и со бело црни завршетоци на крилјата. Црните лебеди се единствените видови на црни лебеди. Тие имаат бели завршетоци на крилјата и изразена црвена боја на клуновите. Мажите и жените се секогаш многу слични, без сексуален диморфизам. Лебедите во однос на гуските се различни, имаат подолг врат кој им овозможува да пребаруваат на дното, и во подлабоката вода, како и во големината на телото, што ги прави најголеми водни птици, распонот на крилјата може да им достигнат и до два метра, а нивната тежина може да изнесува 15 кг, се смета дека нивниот животен век се движи од 19- 50, но и повеќе од ова, спротивно на крилјата нозете им се многу кратки, така што лебедите на земјата делуваат многу неспретно, меѓутоа затоа имаат силни крилја и мускули, па можат да прелетаат и повеќе од илјада километри до своите гнезда на север. Двата родители се грижат за младите, и остануваат со нив до една година

Систематика

[уреди | уреди извор]

Лебедите во потесна смисла на видовите се од Cygnus, кои се делат на пет, односно седум видови. Јужноамерикански Коскорба лебед е единствениот вид од родот Coscoroba.

Прави лебеди (-{Cygnus}-)

  • Црни лебеди (-{C. atratus}-)
  • Црновретни лебеди (-{C. melanocoryphus}-)
  • Црвеноклунести лебеди (-{C. olor}-)
  • Лебед трубач (-{C. buccinator}-)
  • Лебед свиркач (-{C. columbianus}-)
  • Патулест лебед (-{C. bewickii}-)
  • Лебед пејач (-{C. cygnus}-)
  • Новозеландски лебед (-{C. sumnerensis}-)

Коскороба лебеди (-{Coscoroba}-)

Лебедот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
Пар лебеди со младенче на Охридското Езеро

Лебедот како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Лебедот како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
Лебед на реката Лам во Марбург, Германија
  • Лебедово езеро“ (руски: Лебединое озеро) — балет на рускиот композитор Петар Илич Чајковски од 1875-1876 година.[10]
  • „Лебедова песна“ (англиски: Swan Song) — песна на канадската музичарка Грајмс (Grimes) од 2011 година.[11]
  • „Заборави го лебедот“ (англиски: Forget The Swan) — песна на американската рок-група Дајносор (Dinosaur) од 1985 година.[12]
  • „Лебедово езеро“ (англиски: Swan Lake) — песна на британската рок-група Меднес (Madness) од 1979 година.[13]
  • „Лебедово езеро“ (англиски: Swan Lake) — песна на британската рок-група ПИЛ (Public Image Ltd.) од 1979 година.[14]
  • „Мој бел лебеду“ (хрватски: Moj bijeli labude) — песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште (Prljavo kazalište).[15]
  • „Лебед лебед Х“ (англиски: Swan Swan H) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1986 година.[16]
  • Свонс (англиски: Swans) — американска рок-група.[17]
  1. „Northcote, E. M. (1981). "Size difference between limb bones of recent and subfossil Mute Swans (Cygnus olor)". J. Archaeol. Sci. 8 (1): 89–98“.
  2. „Fossilworks Cygnus Garsault 1764 (waterfowl) Reptilia – Anseriformes – Anatidae PaleoDB taxon number: 83418 Parent taxon: Anatidae according to T. H. Worthy and J. A. Grant-Mackie 2003 See also Bickart 1990, Howard 1972, Parmalee 1992 and Wetmore 1933“. Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 2019-07-04.
  3. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 15.
  4. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 109-110.
  5. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 90-91.
  6. W. B. Yeats, „Leda and the Swan“, во: Kenneth Allot, ed., The Penguin Book of Contemporary Verse 1918 – 60. Harmonsworth, Middlesex, UK: Penguin Books, 1962, стр. 45.
  7. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 128.
  8. „Белешка за авторот“, во: Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004, стр. 131.
  9. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 11-16.
  10. www.tchaikovsky-research.net (пристапено на 20.1.2013) Архивирано на 4 ноември 2012 г..
  11. Discogs, Grimes (4) – Halfaxa (пристапено на 24.6.2021)
  12. DISCOGS, Dinosaur* ‎– Dinosaur (пристапено на 30.7.2020)
  13. YouTube, Madness - Swan Lake (пристапено на 3.12.2017)
  14. YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)
  15. YouTube, Prljavo kazaliste - Moj bijeli labude - lyrics ()
  16. R.E.M. – Lifes Rich Pageant (пристапено на 23.2.2024)
  17. Официјално мрежно место на „Свонс“ (пристапено на 19.3.2017)