Питер Џексон
Питер Роберт Џексон (англиски: Peter Robert Jackson) (31 октомври 1961) — филмски режисер од Нов Зеланд, добитник на наградите „Оскар“ и „Златен глобус“.
Животопис
Творештво
На почетокот на кариерата, Џексон се прославил со крвави тинејџерски хорори и комедии. Неговиот филм „Жив мртовец“ (Dead Alive) бил прогласен за најгнасен филм на сите времиња. Меѓутоа, во 1994 година го променил стилот и станал славен со филмот „Небесни суштества“ (Heavenly Creatures). Филмот ја добил наградата „Сребрен лав“ на Венецискиот филмски фестивал и бил номинираб за „Оскар“ за оригинално сценарио. Овој филм бил клучен за кариерата на глумицата Кејт Винслет. Неговиот животен пат потполно се променил кога одлучил да режира серија филмови според книжевните класици: „Дружината на прстенот“, „Двете кули“ и „Враќањето на кралот“ од трилогијата „Господарот на прстените“ на Џ. Р. Р. Толкин. Филмовите постигнале голем комерцијален успех, а Џексон станал еден од најплатените режисери на денешницата.
Филмографија
- Кинг-Конг — 2005
- Филмската трилогија:
- Заборавено сребро (Forgotten Silver) — 1997
- Заплашување (The Frighteners) — 1996
- Небесни суштества (Heavenly Creatures) — 1994
- (Dead Alive) — 1993
- Запознајте ги Фиблсови (Meet the Feebles) — 1989
- Лош вкус (Bad Taste) — 1987
Најзначајни награди
Оскар
- 2003 - Најдобар филм (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)
- 2003 - Најдобро адаптирано сценарио (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)
- 2003 - Најдобра режија (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)
- 2001 - Најдобар филм (Господарот на прстените: Дружината на прстенот)
- 2001 - Најдобра режија (Господарот на прстените: Дружината на прстенот)
- 2003 - Најдобар филм (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)
Златен глобус
- 2003 - Најдобра режија (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)
Венецијански филмски фестивал
- 1994 - Сребрен лав (Небесни Суштества)