Мразот претставува цврста агрегатна состојба на водата. Водата во нормални услови преминува од течна во цврста агрегатна состојба на температура од 0 °C. Поради специфичното просторно распоредување на молекулитевода, мразот има помала густина од водата (за приближно 8,5%) и поради тоа плови на нејзината површина. Специфичната топлина на мразот е двојно помала од онаа на водата во течна состојба. Поради тоа мразот брзо се формира на површината на водата разладена на температура од 0 °C, а за неговото топење е потребно двојно помало количество топлина. Со зголемување на соленоста на водата се намалува нејзината точка на заледување. Така морската вода замрзнува на температура од -1,91 °C. Најголема количина лед во биосферата има на поларните капи.
Но мразот не е својствен само за водата. Всушност тој вид лед се нарекува воден мраз. Имено речиси секоја гасовита супстанца при одредена температура и притисок може да премине во состојба на мраз. Во вселената е познато постоење на воден мраз, но исто така има и на пример метански мраз на Плутон или мраз од амонијак на нешто поблискиот Уран.
Мразот како тема во уметноста и во популарната култура
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 117.